Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски ги отвори Работничките спортски игри во мал фудбал во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски ги отвори Работничките спортски игри во мал фудбал во Берово

Вечерва во Берово се отворени Работнички спортски игри во мал фудбал 2020 година.

Игрите ги отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој на сите учесници им посака многу среќа, забава и дружење, со порака  да победи најдобриот.

Оваа година на игрите ќе земат учество 10 екипи од Берово и Пехчево.

За првопласираните екипи како и за најдобар играч, стрелец и голман на турнирот, се обезбедени пригодни награди од Општина Берово.

Турнирот има за цел, подобрување на соработката меѓу институциите во Општина Берово и Пехчево и подигање на спортскиот дух на граѓаните на двете општини.

Оваа година, турнирот ќе се игра секој со секој, бод систем, потоа првите 4 екипи ќе извлекуваат ждрепка, за полуфинале, a полувремињата ќе бидат по 15 минути, по барање и усогласување со сите екипи.

Првото коло официјално започна со екипите на ЈПКР УСЛУГА Берово и МАЛЕШЕВСКИ ЕСНАФИ  Берово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии