Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за ,,Санација на локален пат с. Русиново до Безгашчево”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Потпишан договорот за ,,Санација на локален пат с. Русиново до Безгашчево”

 

Градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за ,,Санација на локален пат с. Русиново до Безгашчево”, проект, кој ќе се реализира преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, од мерката 124.6 Инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште.

 

Со овој проект, ќе се изврши чистење и тампонирање на постоечката траса на земјениот пат и ќе се реконструираат каналите и пропустите за атмосверските води на на локален пат с. Русиново до Безгашчево.

Можноста што ја нуди програмата за руралниот развој е наменета за општините, со големо значење пред се во делот на обезбедување на подобри услови за живот во руралните средини. За жителите е важно да имаат подобар пристап до земјоделско земјиште што го обработуваат,со нови локални патишта, побрзо да пристигнуваат до градовите, да имаат чиста вода за пиење.

Овој пат е многу важен за локалното население, за пристапноста до земјоделските површини, при што на жителите од и с. Русиново ќе им се намалат трошоците за транспорт, со што значително ќе се подобри квалитетот на руралното живеење.

Општина Берово е една од 80- те општини која учествува во програмата, која ќе инвестира 38 милиони евра во руралните средини.

Сретствата во износ од 1.000.000,00 денари, за оваа инвестиција, се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка на руралниот развој, од мерката за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини а Општина Берово ќе го кофинансира иносот на ДДВ во вредност од 180.000, 00 денари.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии