Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски, одржа состанок со авто-такси превозниците од Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски, одржа состанок со авто-такси превозниците од Берово

 

Вчера, Градоначалникот на Општина Берово, одржа rработен состанок, со авто такси превозниците, на територијата на општината, на кој присуствуваа командирот на ПС од ОН Берово, командирот на сообраќајна полиција, претставници од општинскта администрација одговорни за авто такси превоз и претставници на такси возачите.

 

Беше дискутирано за проблемите со кои се соочуваат такси возачите и за тоа, како во координација на сите засегнати страни, да се изнајде нивно решение.

Како проблеми беа наведени: вертикалната сигнализација, дивите такси превозници и обележаните такси постојки, на кои не се почитува паркирањето за таксисти.

Донесен е заклучок, постојката за такси, која е на центарот (кај Пакет Маркет), да се премести од десната страна на улицата заради поефикасно користење и полесна контрола на возилата.

Исто така како проблем, беше наведена и цената за авто такси превоз, која не е променета долги години.

Беа наведени и други проблеми, за кои ќе се бараат решенија од други надлежни институции .

Укажано е на потребата за да се свика повторно состанок, откако ќе се проверат законските прописи, во новиот закон за превоз, во патниот сообраќај.

На крајот беше постигнат договор, сите проблеми и приоритети да се истакнуваат и да се решаваат во зедничка координација, со сите засегнати страни од оваа област.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии