Насловна Актуелно Вести Во тек е промена на столаријата на општинската зграда и културниот дом во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во тек е промена на столаријата на општинската зграда и културниот дом во Берово

 

Водејќи се од принципите за заштеда на енергија, примена на современи технологии за енергетска ефинасност, како и реализација на општинската програма за енергетска ефикасност, а следејќи ги модерните текови и адаптирајќи се на новите светски треднови, после повеќе од 20 години, општинската зграда ќе добие нова столарија.

Во тек е промена на старата дотраена столарија, на зградата на Општина Берово и на зградата на домот на културата ,,Димитар Беровски, со нова, енергетски ефикасна ПВЦ столарија, со 4 сезонско, трослојно стакло, со 7 комори.

Средствата во износ од 1.615.720,00 денари, се обезбедени од Програмата за намалување на аерозагадувањето, на Влада на РСМ, за 2019 година, од нив 1.162.000,00 се однесуваат за просториите на Општина Берово и 453.270,00, се за просториите во зградата на ДК,,Димитар Беровски”.

Целта, на оваа мерка, како што истакна Градоначалникот Пекевски, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, ја спроведе Генералниот секретарјат, при Влада на РСМ.

Недодамна во општинската зграда е поставен и нов ламинат, па така, 2020 година, општинската администрација, ја започнува со подобрени услови за работа.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии