Насловна Актуелно Вести Зона 30, одбележана со успорувачи пред ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Зона 30, одбележана со успорувачи пред ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Општина Берово, во рамките на своите надлежности, постојано се грижи за безбедноста на граѓаните, во сообраќајот, а особено за учениците.

Ангажиран економски оператор, денеска, постави 2 успорувачи на ул.,,Маршал Тито” во Берово, во близина на основното училиште, со цел, зголемување на безбедноста во сообраќајот, на беровските улици.

Успорувачите служат за намалување на брзината на движење на возилата, а ќе бидат покриени и со сообраќајни знаци, кои ќе ја ограничат брзината на возилата во пределот околу училиштето, на 30 km на час.

Поставените успорувачи, ќе ја намалат брзината на движење на возачите, ќе ја зголемат безбедноста на пешаците, а особено на учениците.

Поставувањето на успорувачите на сообраќајот, е дел од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово, од ставката за набавка и изградба на сообраќајна сигнализација.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии