Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски и Претседателот на Совет, Матеничарски, ги презентираа мерките предвидени во Буџетот на Општина Берово за 2020 година, пред пензионерите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски и Претседателот на Совет, Матеничарски, ги презентираа мерките предвидени во Буџетот на Општина Берово за 2020 година, пред пензионерите

 

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски, денеска, на покана од Претседателот на Здружение на пензионери, Васил Механџиски, присуствуваа на Седницата, која што ја одржа Здружението на пензионери, со цел да ги презентираат мерките, предвидени во програмите на Општина Берово, а, кои може да ги користи оваа категорија граѓани.

 

На Седницата, најпрво се обрати Претседателот на Здружението на пензионери, кои го поздрави присуството на локалните функционери и им се заблагодари за одвоеното време.

Во своето обраќање, Градоначалникот Пекевски, поздравувајќи ги пензионерите и посакувајќи им пред се, добро здравје, презентираше во кој дел, согласно донесените програми од страна на Советот на Општина Берово, може да се помага на оваа целна група а со тоа и на сите граѓани во општината.

Притоа, тој ги презентираше мерките предвидени во Програмата за социјална заштита за 2020 година и во програмите изработени од одделението за комунални дејности, од кои како ново предвидена мерка, од оваа година, е обезбедување на трошоците во износ од 50 %, за еден топол оброк дневно и транспорт до домот, за лицата од населените места.

Пред присутните се обрати и Претседателот на Совет на општина Берово, истакнувајќи дека, Советот донесува програми со цел да го подобрува животот на сите граѓани, во кои и на пензионерите. Новата мерка годинава, која е предвидена во Програмата за социјална заштита е воведена со цел да им се помогне и луѓето од населенте места, да имаат достапност до топол оброк, додаде Матеничарски.

На седницата присуствуваа и Директорот на ЈПКР ,,Услуга- Берово и Командирот на Полициска Станица во Берово, кои истакнаа аспекти во доменот на нивната работа.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии