Насловна Актуелно Вести Јавен повик за учество на Работнички спортски игри во мал фудбал 2020 год.

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Јавен повик за учество на Работнички спортски игри во мал фудбал 2020 год.

Општина Берово и оваа година организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал, 2020, кои традиционално се организираат, со цел, спортување, подигање на спортскиот дух и подобрување на  соработката помеѓу институциите, и правните субјекти.

Настанот ќе се одржи во периодот- февруаримарт 2020 година.

Општина Берово, како домаќин т.е организатор на овие игри , ги поканува сите заинтересирани јавни институции, општини и правни субјекти, доколку сакаат да земат учество, да се пријават на работничките спортски игри .

Пријавувањето ќе трае до 03.02.2020 (понеделник) година до 15.30 часот.

Турнирот е планирано да започне на 10.02.2020 год. (понеделник)

За разлика од претходните години, оваа година турнирот ќе се игра, со поинакви правила.

Пред почетокот на извлекувањето на групите, или распоред на натпреварите сите екипи се должни да достават точен список на вкупно 10 играчи, кој ќе биде на увид, на сите екипи учесници.Овој список ќе биде конечен, се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него.

Почетниот состанок за организацијата на турнирот, ќе се одржи во понеделник 27.02. 2020. во 15 часот, во салата на Совет на Општина Берово.

Се покануваат сите, кои имаат свои екипи, и кои се заинтересирани за учество,  да испратат свој претставник на состанокот,  како би се запознале со правилата на  работничките спортски игри, во мал фудбал 2020 година.

Пријавите може да се поднесат на:

email: [email protected]

на телефонскиот број:

033/471-057, локал 114 или 110,

како и лично во просториите на Општина Берово.

Лицe за контакт од Општина Берово:

Зоран Нешкевски тел 071 626 649

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии