Насловна Актуелно Вести Горан Вангелов, прв до светиот крст во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Горан Вангелов, прв до светиот крст во Берово

Беровчанецот Горан Вангелов е најсреќниот, помеѓу 30 тината учесници,кои го фати светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово, при денешното чествување на големиот празник, Богојавление- ВОДИЦИ.

 

Чинот на осветување на водите, го водеа свештениците од црквата во Берово.

Вангелов очекува здравје и среќа да го следи годинава, зошто тоа е најбитно, а чувството е прекрасно, изјави среќниот учесник.

Од Буџетот на Општина Берово, за среќниот учесник, кој го фати крстот, обезбеден е вредносен ваучер од 6.000,00 денари, а награда телевизор, како и секоја година е обезбедна од општествено одговорна компанија ЗЕГИН:

Беровскиот Градоначалник, Звонко Пекевски му посака многу среќа и успех на Вангелов, и на сите учесници им порача, истата среќа да ја имаат следната година.

-Општината ја поддржува традицијата, искрени честитки за сите кои се охрабрија и покрај ладното време да влезат во водите на Брегалница, на сите беровчани им посакувам да ги следи здравје и среќа. Најбитно денеска е мотивот и вербата на овие бројни млади момци, кои учествуваа во фаќањетот на светиот крст- додаде Пекевски.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии