Насловна Актуелно Вести Обуки за ангажираните лица на проектот за Општинско корисна работа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Обуки за ангажираните лица на проектот за Општинско корисна работа

Во рамките на проектот за Општинско корисна работа, денеска во просториите на општина Берово, се реализираа обуки, кои водат до стекнување со признаен сертификат, на 9 лица, од кои, 8 се обучуваат за нега на стари лица во домашни услови и едно лице, за неговател на лице со попреченост.

Обуките се финансиски покриени од страна на УНДП, а изведувач е овластена фирма ПОЛИ ПРОЕКТ- од Штип.

Општина Берово, реализира два проекти од Програмата за општинско корисна работа од кои, едниот е ,,Солидарност во заедницата , а вториот, со поддршка од Швајцварската агенција за развој SDC и УНДП за ,, Од акција до еднакви можности”, кои ги опфаќаат долгорочно невработените лица, кои се корисници на ГМП, млади лица невработени, лица со попреченост, лица припадници на ромската етичка заедница, самохрани родители, итн.

Обуките ќе се одвиваат во следните два месеци, а во истиот период, ангажираните невработени лица, ќе продолжат со тековните активности, во рамки на планираните проектни цели, согласно работните задачи и квалификациите и занимањата за кои се ангажирани.

Целта е покрај работното искуство, да добијат и теоретско занење, да стекнат поголеми знаења и вештини, како и сертификати кои ќе им помогнат за полесно вклучување и конкурантност на пазарот на труд.

Продолжуваме и во текот на 2020 година, активно да ги користиме мерките од опреативните програма и мерките за самовработување, преку АВРСМ, а во рамки на Владата на РСМ, со единствена цел, да го подобруваме животот на сите граѓани од општина Берово- истакна Градоначалникот Пекевски. 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии