Насловна Актуелно Вести Нови мерки за социјална заштита во Буџетот на општина Берово за 2020 година, повеќе пари за граѓаните од општинскиот буџет

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Нови мерки за социјална заштита во Буџетот на општина Берово за 2020 година, повеќе пари за граѓаните од општинскиот буџет

 

Стипендија за талентирани ученици, субвенционирање на учениците од прва година, кои своето образование ќе го продолжат во ОСУ ,,Ацо Русковски”, во Берово, субвенционирање на првачињата на територијата на општина Берово на почетокот од учебната година, како и грижа и поддршка на старите лица, се новите мерки, кои се предвидени во програмата за социјална заштита и во Буџетот на општина Берово за 2020 година.

Во програмата за социјална заштита за 2020 година, предвидени се финансиски средства во вредност од 2000 денари за секое прваче, секој ученик во прва година, кој своето образование ќе го продолжи во Берово, како и дополнителни средства за одлични ученици, кои постигнале врвни резултати на републички и меѓународни натпревари.

Истовремено, општина Берово, покажува грижа и за највозрасната популација, при што предвидени се и средства за зголемување на капацитетот на домот за стари и за давање сервисни услуги на стари лица во домашни услови.

Слободно може да се каже, дека Буџетот на општина Берово, е изготвен со единствена цел, да се вратат парите кај граѓаните и сите жители на општина Берово да можат да бидат директни корисници на буџетски средства, а со тоа да се подобри животот на сите во општествената заедница.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии