Насловна Актуелно Вести Берово доби проектна документација за ул.,,Белградска” и Локален пат Берово- Црвен Брег- Абланица, преку грант од Светска Банка

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Берово доби проектна документација за ул.,,Белградска” и Локален пат Берово- Црвен Брег- Абланица, преку грант од Светска Банка

 

Општина Берово е во првите 35 општини, кои добија готова проектна документација за реконструкција  на улици и патишта, со вкупна должина од околу 3 километри.

Прокетите опфаќаат, реконструкција и доизградба на ул. ,,Белградскаод спој со ул.,,Страшо Пинџур, во должина од околу 480 метри и доизградба на локален пат Берово- Црвен Брег- Абланица, во должина од околу 2.500 метри.

 

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), што со Светска банка го реализира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра, како техничка помош за општините.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека, со изготвената проектна документација, општина Берово ќе биде конкурентна во аплицирањето пред потенцијалните донатори и меѓународни фондови и ќе има готови проекти, кон чија реализација ќе се пристапи кога ќе бидат создадени услови.

На доделувањето на проектната документација на општините, министерката за финансии Нина Ангеловска, рече дека, со тоа се надминува проблемот со недоволно искористување на средствата од меѓународните фондови во земјата.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии