Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски, во посета на првото родено дете во општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот Пекевски, во посета на првото родено дете во општина Берово

 

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, денес го посети првото родено дете за 2020 година, чии родители се жители на Општина Берово.

Првиот ден од новата година, радост и бериќет, му донесе на семејството Алимановски, кое што е првородено дете, за родителите Танкица и Рамче.

 

Ханаа е тешка 2,5 килограми и долга 47 cm а на свет дојде неколку часа по полноќ, на првиот ден од новата 2020 година, во штипската болница.

Градоначалникот Пекевски, честитајќи му на семејството за новата рожба, им посака многу здравје, среќа и успех во новата година и им додели ваучер за првородено дете, во износ од 6.000,00 денари.

Дополнително, семејството ќе добие и средства во износ од 5.000,00 денари, согласно програмата за социјална заштита, во насока на поттикнување на наталитетот во општина Берово.

Се надевам дека оваа година, локалната самоуправа ќе даде силен поттик на младите брачни парови, за зголемување на наталитетот, со тоа што износот на средствата за секое новороденче, чии родители се жители на општина Берово, ги зголемивме од досегашните 3.000,00 на 5.000,00 денари.

Неколку денови после првороденото, се родени уште две деца, што значи дека добро му тргна на Берово, со новороденчињата, во 2020 година.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии