Насловна Актуелно Вести Берово го велича ликот и делото на Св. Климент Охридски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово го велича ликот и делото на Св. Климент Охридски

 

На 8 ми декември, нашата држава го одбележува денот на Св. Климент Охридски, првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.

 

Чествувањето на Св. Климент Охридски е од големо значење за македонската историја, надминувајќи ги локалните и регионалноте рамки и оставајќи белег во целокупната европска култура.

Токму затоа, овој ден, му оддаваме достојна почит на македонскиот просветител Св. Климент Охридски, водени од неговиот хуманизам, трудољубивост и чесност.

Во чест на денот, гимназијалците од ОСУ,,Ацо Русковски од Берово, во петокот, приготвија пригодна свеченост, на која имаше краток осврт кон ликот и делото на Св. Климент Охридски., за кој зборувале и пишувале плеада личности.

Средоншколската заедница, распиша и ликовен и литературен конкурс, на кои наградени беа следниве ученици:

На литературниот конкурс:

1 место- Димитар Дракалски

2 место-Бојан Аврамски

3 место Марија Костадинова

На ликовниот конкурс:

1 место- Моника Близнаковска

2 место- Здравко Попов

3 место- Бојана Брашнарска

Најдобрите добија пригодни награди, а наградените творби беа прочитани пред присутните.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии