Насловна Актуелно Вести Реконструиран тротоарот на ул.,,Маршал Тито” од зградата на Полициска станица до Кружен тек

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Реконструиран тротоарот на ул.,,Маршал Тито” од зградата на Полициска станица до Кружен тек

Тротоарот на ул.,,Маршал Тито, на потегот од Раскрсницата со Кружен тек,на влезот во Берово, до зградата на Полициската станица во Берово, добива нов лик, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Општина Берово.

Во рамките на програмата за изградба на локални патишта и улици на Општина Берово, реконструиран е торотоарот во должина од 364 метри и 2,5 метри широчина.

Тротоарот е реконстуиран со поставување на бехатон плочки, а покрај коловозот, поставени се и бетонски стубови, за заштита.

Овој тротоар, долги години наназад им создава проблеми на пешаците и неговата реконструкција ќе биде од големо значење за жителите не само визуелно, туку и ќе го олесни пешачењето на граѓаните и ќе обезбеди безбеден пристап за велосипедистите.

За овој проект, од Буџетот на Општина Берово за 2019 година, ќе бидат издвоени 1.513.597,00 денари.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии