Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски оствари средба со жителите од ул. ,,7”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски оствари средба со жителите од ул. ,,7”

Проектот за изградба на пешачка патека и заштитна ограда покрај реката Брегалница, беше повод Градоначалникот да ги покани жителите од ул,,7 , на средба во Општина Берово.

Притоа претставници на Одделението за урбанизам, детално им го објаснија опфатот на проектот на граѓаните, и беше разговарано за можностите, покрај кејот и кејските ѕидови, да се направи и дел од улицата.

Градоначалникот Пекевски, истакна дека во периодот што следи, детално ќе се разгледаат можностите, за што дополнително, по завршувањето со реализацијата на проектот, ќе ги повика жителите, на повторна средба.

Граѓаните не можеа да го сокријат задоволството, што после 40 години конечно и во тој дел од градот ќе започне да се гради соодветна инфраструктура.

Инаку, проектот ќе се реализира преку ИНТЕРРЕГ програмата за прекугранична соработка, помеѓу Македонија и Бугарија и опфаќа санација на кејските ѕидови како и осветлување во потегот од поранешниот хотел Македонија па до спојот со мостот на улица “Вељко Влаховиќ“.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии