Насловна Актуелно Вести Средба на беровскиот градоначалник со Амбасадорот на Република Бугарија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Средба на беровскиот градоначалник со Амбасадорот на Република Бугарија

Во прва официјлна посета на Берово, Градоначалникот Звонко Пекевски, во неговиот кабинет денеска, го прими Амбасадорот на Рапублика Бугарија, во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов.

Градоначалникот Пекевски, информираше дека е почестен со посетата на амбасадорот. Притоа посочи дека е разговарано на повеќе теми, поврзани со Берово, стопанскиот развој, културниот развој а акцетнот најмногу е ставен на отворање на граничниот премин Клепало.

Амбасадорот Ангелов, заедно со Градоначалникот, беа на лице место, на увид во состојбата на зградата на граничниот премин и на инфраструктурата до граничниот премин.

Во следниот период, ќе треба да се интензивира соработката меѓу бугарската амбасада и општината, во правец на заеднички иницијативи и за културно стопанска соработка.

Амбасадорот Ангелов, истакна дека Берово е преубав град, кој има природни убавини и потенцијали и потребна е мала помош за да се интензивираат работите за социо-економски развој. Подвлече дека при оваа негова прва официјална посета на општината, се интересира за можностите за соработка и во повеќе други области, од кои како приоритетна е образованието.

Во таа насока, двајцата остварија средба со Директорот на ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, Сашко Корчовски, на која разговараа за реализирање на заеднички проекти за унапредување на образовниот процес.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии