Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски на средба со жителите во с. Двориште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Пекевски на средба со жителите во с. Двориште

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на патната инфраструктура во населените места, како и решавање на одредени проблеми од водоснабдување и комунална хигиена, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска оствари средба со жителите од с. Двориште.

 

 

Градоначалникот истакна дека с. Двориште,   според сите предвидени активности,  во 2020 година, се планира да биде во голема инфраструктурна експанзија.

Ќе се градат четири крака на улицата од влезот во селото до таканареченото ,,Чурилско маало". Во таа насока со жителите на селото, разговарано е за опфатот на проектот, што е предвидено да се работи и посочено е во периодот на градба жителите да бидат стрпливи и да ги почитуваат правилата на инвеститорот, со цел да се избегнат несакани последици.

Исто така во завршна фаза, е изборот на изведувач за изградба на цевковод, кој ќе обезбеди чиста вода за пиење на жителите од ова село.

На самиот состанок, наметнато е и прашањето за собирање на комуналниот отпад, при што од страна на Градоначалникот, и Директорот на Јавното комунално претпријатие ,,Услуга" е истакнато дека во ова село конечно ќе се започне со собирање  на комуналниот отпад.

Се чини дека с. Двориште, во 2020 година, конечно ќе добие соодветна инфраструктура, која што долги години наназад ја очекува и каква што заслужуваат жителите, со оглед на тоа што миграцијата од ова село е скоро во незабележителни бројки.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии