Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Звонко Пекевски, посети дел од подрачните училишта на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот Звонко Пекевски, посети дел од подрачните училишта на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на условите во образованието, Градоначалникот Звонко Пекевски, денес ги посети подрачните училишта на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” , во с. Митрашинци и с. Будинарци.

Со вработените во училиштето е разговарано за тековните проблеми со кои се соочуваат, во редовната настава, но и за предвидување на потребните инфраструктурни зафати, пред креирањето на Буџетот на општината, за 2020 година и за набавка на нови нагледни средства.

Доделувајќи им по три преносни компјутери, на двете подрачни училишта, Градоначалникот Пекевски истакна дека Општина Берово ќе продолжи со поддршката на училиштата, за квалитетно образование на децата.

Во следниот период, оваа активност ќе продолжи, со посета на подрачните училишта во с. Двориште, с. Смојмирово, с. Ратево и с. Владимирово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии