Насловна Актуелно Вести Втора фаза во изградбата на улица „Прохор Пчињски“. Ги решаваме проблемите на ромското население

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Втора фаза во изградбата на улица „Прохор Пчињски“. Ги решаваме проблемите на ромското население

Во работна посета на Берово, викендот беше пратеникот Самка Ибраимовски, кој изврши увид во градежните работи на ул.,,Прохор Пчински и најави приклучување на централниот водовод на жителите од оваа улица.

Жителите од овој дел на градот конечно, добиваат соодветна патна инфраструктура и достапност на итните служби за полесен пристап до градот, за што од Министерството без ресор, се оддворни нешто повеќе од 3 милиони денари.

Со завршување на втората фаза и целосно поплочување на улицата, ќе следува и приклучување на централниот водовод на жителите од овол дел од градот.

Во рамките на посетата, во салата на Општина Берово се одржа состанок за дискусија, прашања, предлози и идеи, како до поголема интеграција и унапредување на квалитетот на животот на ромското население, во Берово и пошироко.

Како што презентираше пратеникот Ибраимовски, Министерството без ресор располага со сума над 20 милиони денари, за седум општини каде претежно живее ромско население каде преку проекти изработени од градоначалниците и општините ќе се решаваат проблемите на ромското население.

Во следната година се планираат средства од 40 милиони денари, со кои ќе се градат нови стамбени куќи, додека над 20 милиони денари ќе бидат наменети за канализации, патишта и други инфраструктурни проекти.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии