Насловна Актуелно Вести Советниците при Советот на Општина Берово, добија преносни компјутери

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Советниците при Советот на Општина Берово, добија преносни компјутери

 

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски, на Советниците од Советот на Општина Берово, им доделија преносни компјутери, лап топи.

Половните преносните компјутери, се добиени преку донација од нашиот сограѓанин Дамјан Карпузовски, кој живее и работи во Германија.

Во иднина, сите материјали за Седници на Советот и Комисиите на Советот на општината, ќе бидат доставени по електронски пат, а се во насока на унапредување, модернизација и зголемена ефикасност на работата на Советот и Комисиите и намалување на трошоците за умножување, достава и заштеда на матријали за печатење и пренос.

Општина Берово, постојано работи на унапредување на општинските услуги, па така во насока на поефикасна администрација и поефикасна работа на Советот и оваа активност ќе биде од големо значење за Советниците и административните службеници кои работат на Совет.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии