Започна реконструкцијата на третата ламела на Домот за стари во Берово
Во рамките на активностите на општината, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, започна реконструкцијата на третата ламела на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки” .
Со реконструкцијата на третата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 10 корисници, со што Домот за стари, ќе добие целина со капацитет од 40 корисници.
Средствата во износ од 5.109.400,00 се обезбедени дел од Буџетот на Општина Берово и дел од Буџетот на ОЈУСЗСЛ,,Д-р Иван Влашки”.
Оваа установа е единствената од ваков тип на крајниот Исток , при што интересот за користење на услугите на истата, секојдневно се зголемува.