Насловна Актуелно Вести Зајакнување на капацитетите на советниците преку обука

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Зајакнување на капацитетите на советниците преку обука

Преку обуки од проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“ преку Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии и ЗЕЛС, со поддршка на Швајцарската агенција за развој, ќе се јакне капацитетот на Советниците при Советот на Општина Берово.

Презентација на програмата, активностите, обврските и придобивките од проектот, денеска пред Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, Претседателот на Совет на Општина Берово, Јован Матеничарски и пред присутните Советници од Советот на Општина Берово, извршија проектниот менаџер Илмиасан Даути и Претставникот од здружението на финансиски работници, Максим Ацевски.

Проектот ќе се имплементира во три компоненти. Првата ќе биде зајакнување на трансапарентноста, отчетностаи граѓанското учество, втората е финансиска поддршка за реализавиција на максимум 3 проекти во општината, преку гранд во висина од максимум 50.000 швајцарски франци, во социјална заштита, образование, родова еднаквост и слично и третата компонента е вмрежување на советниците и канализирање на гласот на совениците преку студиски патувања, меѓународни конференции и тематски групи.

Во проектот, дополнително е предвидено зајакнување и на капацитетот на општинската администација, поединечно на обуките ќе присуствуваат административните службеници за чија тема се однесува обуката.

Ова е најголем проект за поддршка на Советниците при Советите, кој се имплементира во Република Северна Македонија, кој до сега во многу општини имплицирал значително во подобрувањето, како во делот на капацитетот на институциите и органите на власт, така и во подобрување на одредени услови за живот, кој граѓаните преку форум ќе одлучат кои се приоритени за решавање.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии