Насловна Актуелно Вести Одржани работни состаноци за истакнување на проблемите и приоритетите на ромската заедница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одржани работни состаноци за истакнување на проблемите и приоритетите на ромската заедница

 

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на животот на граѓаните од ромската заедница, преку РОМАКТЕД Прогрмата, изминатиот период во просториите на Општина Берово, се одржани низа состаноци.

 

Претставници од РОМАКТЕД (Програма на ЕУ и Советот на ЕУ, за промовирање на доброто владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво), одржаа состанок во проширен состав, со претставници на институциите, на територијата на Општина Берово, во врска со истакнување на проблеми и приоритети на ромската популација, на кој присуствуваше и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. Како најголем проблем, на овој состанок е истакнат проблемот на ромската популација, со вработувањето.

Со цел поголема информираност, за можностите за вработување, во насока на подобрување на состојбата, одржана е обука на 20 невработени млади лица, од ромска националност, при што, тие се упатени на можностите за вработување, можностите за обуки и практиканство, посечено е каде се може да бидат вклучени со цел да се подигне нивото и тие да ги зголемат своите компетенции и да бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Претставниците од РОМАКТЕД истакнаа дека Општина Берово е дел од општините кои се доста активни на полето на подобрување на животот на граѓаните од ромската заедница и е во план идната година, Општина Берово, да влезе во финансирање на инфраструктурен проект од централно ниво преку Министерството за локална самоуправа.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии