Насловна Актуелно Вести Едукативна кампања за безбедноста во сообраќајот на првачињата од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Едукативна кампања за безбедноста во сообраќајот на првачињата од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”

 

Во рамките на едукативна кампања, за сообраќајна превенција, денеска беровските првачиња имаа предавања на тема ,,Безбедна иднина – безбедни првачињаод страна на службеници од Полициската Станица, од општа надлежност од Берово.

 

Целта на оваа кампања, е да се зголеми сообраќајната едукација на децата, од областа на сообраќајот, преку практични и реални примери, за да можат полесно да го препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот, со кои секојдневно се среќаваат, како пешаци или велосипедисти.

На предавањата беа присутни 47 првачиња, со своите наставници и директорот на училиштето.

На децата им е поделен едукативен материјал, сообраќајна лектира и сообраќајна боенка, со цел да се запознаат со сообраќајните правила и прописи.

Учењето за безбедноста на патиштата и повисокото ниво на култура и одговорност во сообраќајот е многу значајно за сите а посебно за децата, со оглед на тоа што токму нивното однесување, не секогаш е предвидливо.

Акцијата е спроведенена со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, како и да се подигне свеста за важноста на внимателното движење во сообраќајот.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии