Насловна Актуелно Вести Да ги заштитиме децата во сообраќајот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Да ги заштитиме децата во сообраќајот

 

Преку едукативна кампања,, Да ги заштитиме децата во сообраќајот, беровските ученици денеска ги разубавуваат пешачките премини во градот.

Безбедноста на децата во сообраќајот, претставува врвен приоритет на сите општествени чинители.

Секојдневната сообраќајна едукација, влијанието на свеста на поединецот и промената на навиките и културата на однесување, во сообраќајот, се главниот инструмент за унапредување на сообраќајната превенција, а со тоа и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Во соработка со ПС од ОН Берово, беровските ученици од второ и трето одделение, спроведоа активност за разубавување на пешачките премини во близина на училиштето.

Целта на настанот е поголема сообраќајна едукација на децата, односно нивно едуцирање за сообраќајните правила и прописи, особено во делот на однесување на улица и правилно минување на пешачки премин.

Во рамките на проектот, за учениците од второ и трето одделение,  реализирани се едукативни предавања на тема „Правилно минување на пешачки премин“.

Меѓу главните пораките, кои беа упатени, за да ги запаметат и да ги применуваат учениците, беа:

-Секогаш поминувај ја улицата на пешачки премин и движи се по тротоарот.

-Кога поминуваш преку улица задолжително застани, служни, види, лево, десно и не застанувај на ивицата на тротоарот.

-На коловозот не се игра, не се трча, не се лизга.

-Бидете претпазливи !

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии