Насловна Актуелно Вести Успешна трката на теренски возила во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Успешна трката на теренски возила во Берово

Оф-Роад клубот „Црн Пантер” од Берово, денеска е домаќин на трката со теренски возила ,,Берово 2019", која денес се реализираше на кружната натпреварувачка патека ,,Мазно” кај местото викано ,,Јуовец”.

Натпреварувачите и организаторите ги поздрави Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, посакувајќи им многу успех и организирање на многу натпревари од ваков тип.

Како што информираше организаторот Зоран Мазновски,  на трката се натпреваруваат учесници во осум брзински категориии и ова е прв успешен натпревар на OFF-ROAD KLUB 4X4 BLACK PANTER BEROVO.

Се работи за натпревар на земјена патекаа во  должина од 2100 метри и широчина од 3-6 метри.

Се натпреваруваа 35 учесници од Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Кочани и Радовиш а теренскоте возила што се натпреваруваа се со зафатнина од 1700 до над 3000 кубика, како и теренски возила и моторцикли без ограничување.

Натпреварот се состоеше од 3 (три) возења по патеката. За конечен пласман се зема резултатот од најдобро извозениот круг на патеката.

Победник на натпреварот, во генерален пласман, е Тоше Стојчев од Виница.

За најдобрите од организаторот се доделени пехари, а организирана е и заедничка дружба на сите учесници. 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии