Насловна Актуелно Вести Етно состав ,,ВЕЗ" со свој концерт во Бизнис инкубатор во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Етно состав ,,ВЕЗ" со свој концерт во Бизнис инкубатор во Берово

Во рамките на активностите од областа на културата, вечева, во Бизнис инкубаторот во Берово, со препознатлив ритам и карактеристична нерамноделност, свој концерт одржа етно составот ,,ВЕЗ" од Штип.

Во многуте песни и ора, поделени во три дела, публиката во Берово, имаше можност да ужива во традиционална македонска стилизирана музика и прекрасна вокална изведба.

Песните ,,Зајди зајди", ,,Со маки сум се родила", ,,Ајде ред се редат", ,,Лено мори" и многу други, беа изведени од вокалот Моника Стојчева, во придружба на звуците на кавал, во изведба ма Илија Ќосевски, тамбура, Никола Ѓоргиев, тапан, Христијан Стаменковски и клавијатура и гајда, Марио Иванов.

-Целта е да ги сочуваме од заборав песните со трајна вредност, истовремено да ги поттикнеме младите, да го запознаат културното музичкото наследство- изјави Илија Ќосевски, од етно состав ,, ВЕЗ".

Концертот во Берово е трет по ред концерт на оваа група, предвидени за викендот, што се одржуваат како настани поддржани од Министерството за култура, во рамките на програмата ,,Нов културен бран".

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии