Насловна Актуелно Вести Извршена дератизација на подрачјето на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Извршена дератизација на подрачјето на Општина Берово

 

Општина Берово изврши дератизација на подрачјето на општината.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести Сл.весник на РМ 66/04, член 39 и член 42, како и согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2018 година на Општина Берово, вчера е извршена општа дератизација на 260 канализациони шахти на подрачјето на Општина Берово.

 

Дератизацијата ја извршија стручни екипи за таа намена од фирмата ,,Зотокс,,-Скопје а беше спроведена во градот Берово и населените места, Русиново, Ратево, Владимирово, Смојмирово, Будинарци, Митрашинци, Општинската депонија како и туристичката населба Беровско езеро.

Активностите за дератизација се извршени со кумарински мамци во различни облици, парафински блокови пелети и брикети (контрол блок и кродистоп) и се опфатени околу 260 шахти во општината.

Со преземање на оваа мерка се постигнува заштита на населението од заразни болести што ги пренесуваат глодарите.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии