Насловна Актуелно Вести Започна рехабилитацијата на државниот пат Берово-граничен премин Клепало

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Започна рехабилитацијата на државниот пат Берово-граничен премин Клепало

 

Јавното претпријатие за државни патишта вчера официјално започна со ,,Рeхабилитација и санација на државен пат –делница Берово-граничен премин Клепало" со вкупна должина од 5,7 километри.

 

Комплетна рехабилитација ќе се врши во должина од 4,7 км на потегот од раскрсница кај Хотел Манастир до раскрсницата со Беровско Езеро, додека од раскрсница кај Беровско Езеро до граничен премин Клепало во должина од 1 км, ќе се врши санација на одредени делови.

Рехабилитацијата на патот опфаќа промена и санација на бетоски рабници, поставување на заштитна еластична ограда, чистење на пропусти и канали долж трасата , гребење на постоечкиот асфалт и асфалтирање со нов двослоен асфалт.

Средствата во износ од околу 89 милиони денари се обезбедени од Буџетот на јавното претпријатие за државни патишта, а рокот за завршување со рехабилитација е месец јули 2019 година .

Конечно се остварува долгогодишниот сон на жителите од двете страни на границата.

Рехабилитацијата на патот Берово-Клепало го најавува отварањето на граничниот премин Клепало, со што Македонија ќе добие уште еден граничен премин а со тоа градот Берово ќе биде поблиску до земја членка на Европската Унија.

Отварањето на граничниот премин ќе овозможи подобра комуникација на граѓаните од двете страни на границата, размена на идеи, развој на економијата и туризмот а ќе биде и можност за нови вработувања и подобрување на социо-економската положба на граѓаните.

Ќе се скратат непотребните трошоци за транспорт а рехабилитираниот пат индирекно ќе го поврзува Берово со уште една позначајна делница со Република Грција.

Рехабилитацијата на државниот пат Берово-Клепало е од огромно значење за развојот на туризмот во Берово. Надополнувајќи ја претходно изградената инфраструктура во туристичката населба Беровско Езеро ќе се подобрат условите за туристите кои сакаат да уживаат во природните убавини кои ги нуди планината, езерото испреплетени низ чистиот воздух и убавата глетка.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии