Насловна Актуелно Вести Младите иноватори од МАКИНОВА И ЕКОНОВА на прием кај Градоначалникот на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Младите иноватори од МАКИНОВА И ЕКОНОВА на прием кај Градоначалникот на Општина Берово

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска оствари прием на наградените учесници на Меѓународниот саем за иновации МАКИНОВА и ЕКОНОВА 2018, кој се одржа во рамките на саем ТЕХНОМА, под организација на Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија, во периодот од 24 до 28 октомври во спортската сала Борис Трајковски.

СЗТК Народна Техника Берово традиционално, на овој саем учествува со свои претставници по триесети пат.

Оваа година учествувуваше со 30 ученици од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” , ОСУ ,,Ацо Русковски “ и ООУ ,, Ванчо Китанов” и 1 возрасен учесник.

Секој учесник имаше можност да се претстави и да каже со што учествувал и што освоил.

Учесниците задоволни од учеството, низ среќни лица ги истакнуваа своите импресии и доживувања и раскажуваа за своите проекти.

Ученици од Општина Берово, константно 30 тина години по ред учествуваат на ваквите манифестации. Многу од учесниците се стекнале со врвни награди и се здобиле со правото да користат стипендии.

,,Општината и Градоначалникот се гордеат со ваквите успеси. Ви посакувам да продолжите со работа и труд , и успесите сами ќе доаѓаат. Општина Берово ви стои на располагање за секаква подршка во остварување на вашите цели а вие само продолжете напред. Ние сме тука да ве следиме во сите ваши успеси. “ – посака Градоначалнкот Пекевски .

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии