Насловна Актуелно Вести Се асфалтира ул.“Димитрије Туцовиќ“ во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Се асфалтира ул.“Димитрије Туцовиќ“ во Берово

Во рамките на програмските активности за реконструкција и изградба на улици на општина Берово, се започна со асфалтирањето на улицита „Димитрије Туцовиќ“ во Берово која минува непосредно до џамијата и е спојка и пристапен пат до зградите кои се наоѓаат на Кејот на Река Брегалница до градскиот парк.

Проектот за изградба на оваа улица е еден од клучните и значајни проекти кои општината ги реализира со оглед на тоа дека истата е доста користена особено од пешаците кои преминуваат преку Брегалница меѓу кои се и учениците од овој дел од Берово кои секојдневно одат на училиште.

Во текот на реализацијата на проектот на улицата е поставен тампонски слој со дебелина од 30 сантиметри, додека асфалтирањето е предвидено да биде во два слоја со вкупна дебелина на асфалтот од 11 сантиметри од кои 7 сантиметри се предвидени за носив абечки слој BNHC16, и 4 сантиметри за горниот AB11 слој.

Улицата се асфалтира во должина од околу 80 метри, со проширување во еден дел предвиден за паркинг простор и широчина од 5,5 метри со што вкупната асфалтна површина е 510 м2.

Преку самиот проект изградени се и тротоарски површини од двете страна во целосната должина на улицата во широчина од 1.25 метри, или во вкупна површина од 215 м2.

По завршувањето на асфалтирањето на ул.Димитрије Туцовиќ во текот на наредните денови ќе се асфалтира и колско пешачка улица која ги поврзува улиците “Прохор Пчињски“ и “Братство единство“ во Берово.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии