Насловна Актуелно Вести Во рамките на програмата РОМАКТЕД, одржан работен состанок за претставување на приоритетните проблеми од ромската заедница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во рамките на програмата РОМАКТЕД, одржан работен состанок за претставување на приоритетните проблеми од ромската заедница

 

Денеска во рамките на Програмата Ромактед каде што учествува Општина Берово, во салата за состаноци беше одржана работна средба со претставници од програмата Сонце од Тетово, Градоначалникот на Општина Берово, претставници на институциите од Општина Берово, Локалната акциска група формирана со решение од Градоначалникот и работната група формирана од ромската заедница.

 

Претставниците од програмата Сонце од Тетово, преку кои се имлементира програмата Ромактед и кои се партнери на национално ниво, имаа можност преку претставниците од ромската заедница да ги слушнат приоритетните проблеми со кој се соочува оваа заедница: невработеноста, инфраструктурата, домувањето и проблемот со неплатени сметки за вода.

Преку претставник на невладиниот сектор исто така беа посочени одредени проблеми со кои се соочуваат децата од ромска националност уште во предучилишното воспитување.

Претставник од Здружението Малш Нет, упати на неколку улици на кои живее ромско население кои се во многу лоша состојба и на кои им е потребна итна реконструкција.

Од страна на Градоначалникот Пекевски, беа посочени моменталните можности за делување, кон кои ќе се пристапи веднаш, а дел од нив се запишани за вметнување во буџетската проекција за 2019 година.

Од страна на претставниците на имплементаторите на програмата, најавени се мерки со кои ќе се делува за подобрување на условите за живот на припадниците на Ромска националност и е посочено дека во иднина не само што ќе се работи за подобрување на условите на оваа целна група, туку предвидени се доста мерки со кои тие ќе бидат вклучени далеку повеќе во целокупното општествено делување.

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии