Насловна Актуелно Вести Асфалтирана улицата ,,Борис Кидрич” во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Асфалтирана улицата ,,Борис Кидрич” во Берово

 

Завршена е ,,Реконструкцијата на дел од ул,,Борис Кидрич” во Берово, која беше една од најруинираните улици во градот , што се приклучува кон регионален пат, важна сообраќајница предвидена во програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици.

 

Вкупната вредност за реконструкцијата е 2.198.189,00 денари а средствата целосно се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2018 година.

Асфалтирана е улицата во должина од 372 метри, 7 метри широчина, од раскрсницата со регионалниот пат Берово- Струмица до раскрсницата со улиците Велко Влаховиќ и Јуриј Гагарин.

Извршено е грeбање на постоечкиот асфалт и пополнување на дупките и потоа е извршено целосно асфалтирање ,со асфалтна маса со дебелина од 5 сантиметри а на неколку места е извршено и проширување на патот со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

По асфалтирањето пристапено е кон одбележување на улицата, при што улицата доби изглед на модерна сообрќајница .

Со асфалтирање на улицата ја подобруваме патната инфраструктура во градот и се делува во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, што се разбира е основна цел во политиките на локалната самоуправа.

Следна фаза е пристапување кон уредување на банкини и одводен канал за собирање на атмосферската вода.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии