Насловна Актуелно Вести Општина Берово организира ЕКО акција во пресрет на Светскиот ден на чистењето

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Општина Берово организира ЕКО акција во пресрет на Светскиот ден на чистењето

 

Во пресрет на Светскиот ден на чистење Општина Берово во соработка со Основните и Средното училиште организира ЕКО Акција за чистење на одредени локации во градот.

 

Најмалите од ООУ Дедо Иљо Малешевски, беа вклучени во чистење на градскиот парк, друга група го чистеше просторот околу основното училиште а учениците од поголемите групи го чистеа комплексот околу старата гимназија .

Учениците од ООУ Никола Петров Русински беа ангажирани за чистење на училишниот двор и улицата што води до училиштето во с. Русиново.

Средношколците од ОСУ Ацо Русковски го исчистија дворот на училиштето и улицата покрај училиштето .

Со акцијата која ја организира Општина Берово во соработка со двете основни и средното училиште е очистен голем дел од доста фреквентни површини во градот, а се надеваме дека изгледот ќе предизвика подигнување на свеста кај граѓаните да си ја зачуваме животната средина и комуналниот отпад да го складираме онаму каде што му е местото.

Акцијата се спроведува во соработка со здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин од Скопје кое го претставува Светскиот ден на чистење и учествува во организирање на настанот во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку 15 Септември е Светски ден на чистење, ден кога милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го чистат светот во еден ден.


 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии