Насловна Актуелно Вести Во Берово се чисти Ормански поток

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во Берово се чисти Ормански поток

Општина Берово денеска започна со чистење на Ормански поток од мостот кај Полотекс , до спој со Којова Ливада нагоре покрај ул,, Даме Груевдо завршувањето на асвалтот.

Се врши чистење, ископ и исфрлање на ѓубрето од каналот во должина од 230 метри, а изведувач на чистењето е фирмата Брајант ДООЕЛ од Берово.

Со чистење на наносниот материјал од вегетацијата во Орманскиот поток превентивно делуваме против изливање на потокот и ја заштитуваме улицата, оставаме подобра слика на градот и ги подобруваме условите на населенито во смисла на заштита на нивните имоти, семејни објекти и земјоделски површини.

Ова е дел од мерките во програмата на одделението за Комунални дејности за заштита од есенски поплави, со која не само што ќе се изврши превенција во пресрет на есенските дождови, туку и оставаме впечаток на една урбана средина, онаква каква што заслужуваат граѓаните.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии