Насловна Актуелно Вести Во Берово отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во Берово отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Денеска Берово имаше чест да биде домаќин на еден несекојдневен културен настан, изложба на слики во техника масло на платно со мотиви инспирирани од убавините на светот,  подготвена од уметникот Лена Ѓуриќ од Свети Николе.

 

Сликите беа изложени во комплексот Аурора а изложбата ја отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој во својот краток осврт истакна дека посебно е почестен со изборот овој настан да се случи токму во Берово и дека природните богатства во  нашето градче може да бидат  инспиративен мотив во некое од следните уметнички дела.

Сликите на Македонскиот уметник Лена Ѓуриќ, која повеќе од 30 години живее и твори во Париз, се вистински празник за очите и душата на секој поединец. Во нејзините слики со наративни содржини и со впечатлива колоритност е содржана тријадата која ја чинат  сетилата, емоциите и интелектот, нешто без кое ниту едно уметничко создавање не е можно.

Светиниколчанката Лена Ѓуриќ-граѓанка на светот и голем хуманист, која три децении од својот живот поминува во градот на светлината Париз, денес за прв пат во Берово се претставува како автор уметник со 30 тина слики во техника масло на платно и акварел.

Париз е местото каде нејзиниот талент за уметност станува реалност. По враќањето во родната татковина тотално му се предава на ликовното творештво.

Нејзината уметност силно плени во очите и навистина привлекува големо внимание.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии