Насловна Актуелно Вести Во Берово, одбележан 8-ми Септември-Денот на независноста на Република Македонија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Во Берово, одбележан 8-ми Септември-Денот на независноста на Република Македонија

Македонскиот народ отсекогаш се борел за создавање на сопствена држава а жртвите на голем број генерации за тоа се огромни.

 

Денешниот ден зборува за непокорот за борбата на нашите херои и дејци кој несебично се трудеа да ни ја овозможат денешната самостојност, сувереност, независност.

И нека овој ден биде само предизвик кој ќе не поттикнува кон понатамошно градење на нашата држава, понесени од новото време и секогаш водени во добра мисла и намера.

Со положување на свежо цвеќе пред спомен костурницата на паднатите борци во Берово, е одбележан 8- ми септември- Денот на независноста на Република Македонија.

Цвеќе положија делегација предводена од Градоначалникот на Општина Берово – Звонко Пекевски, Делегација предводена од Претседателот на Совет на Општина Берово Јован Матеничарски, Делегација предводена од Пратеничката во Собранието на Република Македонија Јагода Шахпаска, делегација на Пензионери во Општина Берово и делегација од сојузот на резервни офицери во Општина Берово.

Краток осврт за денешниот ден имаше Директорот на Домот на културата ,, Димитар Беровски “, Звонко Скендерски кој истакна дека со прогласувањето на самостојноста и независноста, Македонија испиша нова страница во својата историја и со тоа се отворија нови перспективи за демократски односи и севкупен развој.

 

 

Почитувани граѓани, драги Македонци ,нека ни е честит и вековит 8 ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, каде и да сте.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии