Насловна Актуелно Вести С О О П Ш Т Е Н И Е за јавна анкета и презентација на урбанистички планови за селата ВЛАДИМИРОВО, РУСИНОВО, РАТЕВО и ДВОРИШТЕ

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е за јавна анкета и презентација на урбанистички планови за селата ВЛАДИМИРОВО, РУСИНОВО, РАТЕВО и ДВОРИШТЕ

 

Врз основа на чл. 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, (*Сл.весник на РМ* бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17 и 64/18), а во согласност со Програмата за изработка на урбанистички планови, донесена од Советот на Општина Берово, Градоначалникот спроведува:

јавна анкета и јавна презентација

 

по Нацрт-плановите „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛАТА

ВЛАДИМИРОВО, РУСИНОВО, РАТЕВО и ДВОРИШТЕ

и разработка на централните Блокови на селата, во Општина Берово

Се организира јавна анкета и јавна презентација по Нацрт верзиите за „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛАТАВЛАДИМИРОВО, РУСИНОВО, РАТЕВО и ДВОРИШТЕ, со разработка на централните Блокови на селата, со дефинирани плански опфатати во Општина Берово, а од страна на ППИУП „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга, ДЕ Скопје,

Графичкиот приказ на Нацрт верзијата за УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ е во размер 1:2500, а разработката на блоковите е во размер 1:1000, и истите во наведениот временски рок, ќе бидат изложени во просториите на Општина Берово, така и во центрите на селата.

Јавната анкета по УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ ќе трае 5 работни дена, и во кои заинтересираните граѓани и правни лица за подрачјето опфатено со плановите ќе можат да достават свои забелешки, предлози и мислења на АНКЕТНИ ЛИСТОВИ, кои ќе можат да ги добијат и достават до Одделението за урбанизам при Општина Берово.

Јавната презентација по Нацрт плановите „УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛАТАВЛАДИМИРОВО, РУСИНОВО, РАТЕВО и ДВОРИШТЕ, со разработка на централните Блокови на селата, со изработувачот на планот ППИУП „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга, ДЕ Скопје, ке биде организирна во:

· Во просториите на Основното Училиште во село Владимирово, на ден (среда) 19.09.2018 година, со почеток во 18,00 часот;

· Во просториите на Основното Училиште во село Русиново, на ден (среда) 19.09.2018 година, со почеток во 20,00 часот;

· Во Салата на домот во село Ратево, на ден (Вторник) 18.09.2018 година, со почеток во 17,00 часот, и;

· Салата на Основното училиште во село Двориште, на ден (Вторник) 18.09.2018 година, со почеток во 20,00 часот.

Градоначалникот на општината, ќе формира комисија која треба да изработи извештај од јавната анкета и презентација, со образложение за прифатените и неприфатените забелешки и мислења, и да го извести секое лице кое поднело анкетен лист. Комисијата ќе биде составена од три члена и тоа: од носителот на изработката на планот, одговорно лице од општинската администрација надлежно за урбанистичко планирање, и истакнат научен и стручен работник со соодветна лиценца.

Времето и местото каде ќе биде изложен нацрт планот и времетраењето на јавната анкета и презентација, задолжително ќе биде објавено во јавните гласила и медиумите.

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии