Насловна Актуелно Вести Општина Берово ќе спроведува проект ,,Градење солидарност во заедницата” во рамки на Општинско корисна работа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Општина Берово ќе спроведува проект ,,Градење солидарност во заедницата” во рамки на Општинско корисна работа

Денеска во Општина Берово се одржа работен состанок на кој присуствуваа невработените лица ангажирани во рамки на програмата за Општинско корисна работа за 2018 година . На средбата присуствуваа директорите на образовните институции каде што ќе бидат ангажирани дел од лицата , раководителите на АВРМ ЦВ – Берово и ЈУМЦСР – Берово, претставник од ОЈУСЗСЛ д-р. Иван Влашки, како и членовите на комисијата за имплементација на проектот, кои им ги презентираа дел од работните обврски на ангажираните лица. Покрај тоа се разгледани и деталите за пристапот, начинот на извршување на работните задачи и други прашања со кои ќе се соочат во текот на својата ангажираност.

Присутните беа задоволни што ќе добијат шанса да се стекнат со работно искуство и одредени вештини преку обуките кои се планирани во рамки на целокупната програма а лицата кои ќе бидат ангажирани за грижа за стари лица, ќе се стекнат со сертификати за нега и грижа за стари лица во домашни услови.

Лицата кои ќе бидат ангажирани во образовниот процес ќе работат 9 месеци , а останатите 6 месеци, и за овој временски период ќе добиваат месечен надоместок.

Целта на програмата е лица приматели на социјална помош, самохрани родители, деца без родители, млади лица до 29 години и долгорочно невработени лица да се стекнат со одредени вештини, знаења и работно искуство , кои ќе ги направат поконкурентни на пазарот на труд и во исто време да се овозможи грижа на одредени лица на кои навистина им е потребна.

Проектот за општокорисна работа ,,Градење на солидарност во заедницата" е дел од мерките на Владата, во соработка со УНДП, за ангажирање на невработени лица.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии