Насловна Актуелно Вести Берово наскоро ќе добие затворен градски пазар

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово наскоро ќе добие затворен градски пазар

 

Денес ќе започнат градежните работи за Изградба на Зелен пазар во Берово.

 

На барање на Владата, Европската Унија (ЕУ) се согласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области. Во рамките на оваа програма Општина Берово на ден 28.07.2016 година доби право да користи ЕУ Грант во износ од 134.857,00 евра за имплементација на проект Изградба на Зелен пазар во Берово. Вкупниот износ на проектот изнесува 202.742,00 евра  и истиот ќе биде кофинансиран од страна на општинскиот буџет со 67.885,00 евра.

Грантот кој го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд вовкупен  износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и засилување и поттикнување на економско-социјалните услови и подобрување на руралната инфраструктура-изјави Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Како најповолен понудувач на јавниот повик се јавила фирмата ВИА Инжинеринг ДОО од Вевчани а пазарот ќе се протега на покриена површина од околу 1800 метри квадратни.

Ново проектираниот објект на пазарот ќе се состои од три модули, два продажни делови и влезен дел. Во едниот модул ќе се продаваат раноградинарски и земјоделски производи, а во другиот овошје и друг вид на прехрамбени производи.

Градскиот пазар во Берово е единствениот пазар на територијата на Општина Берово , кој постојано го користат жителите на општината, посетителите и туристите за време на туристичката сезона. Самиот пазар е од суштинско значење за локалното население,трговците, земјоделските производители, како од економски така и од социјален аспект со оглед на тоа што години наназад е белег на многу средби, и место кое што Беровчани низ традиција секој четврток се навикнати да навратат, понекогаш дури и без некоја особена потреба.

Со цел да се обезбеди долгорочно подобрување на условите за непречено функционирање на пазарот кој освен во четврток како новоизграден ќе може да се користи и во другите денови од неделата и при различни временски услови со оглед на тоа што ќе биде затворен, а воедно и да се придонесе кон засилување и поттикнување на економските активности и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, Општина Берово наскоро ќе добие Затворен Зелен градски пазар.

Во временскиот период на изградба, тезгите како и самиот пазар ќе бидат времено дислоцирани на паркингот пред детската градинка ,,23 Август”, каде што граѓаните ќе имаат можност да ги набавуваат потребните производи.

Очекувањата се дека некаде околу Нова Година, Берово конечно ќе се пофали со модерен Градски пазар, кој ќе ги запази сите правила и стандарди на модерно градско уредување.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии