Насловна Актуелно Вести Општина Берово доби Благодарница за поддршката за настраданите од поплавите во Стајковци и околината

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Општина Берово доби Благодарница за поддршката за настраданите од поплавите во Стајковци и околината

Да не се заборави и никогаш да не се повтори – по точно две години од катастрофалните поплави во Скопскиот регион, градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски додели благодарници на организациите, институциите, општините, фирмите, но и поединците кои на било каков начин помогнаа на жителите на најпогодените села во справување со штетите од поплавите.

Настанот се одржа на 06 август во Стајковци, како едно од најпогодените населени места од поплавите каде градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски ја прими благодарницата за несебичната поддршка која општината ја даде за настраданите подрачја.

Инаку, Општина Берово активно беше вклучена преку човечки и финансиски ресурси со ангажирање на проценителите вработени во општинската администрација за проценка на штетите на објектите од населените места, како и преку вработени во јавните претпријатија и голем број на волонтери кои се вклучија во расчистувањето на самите населени места.

На самиот настан беа доделени над 200 благодарници на АРМ, МВР, Министерството за одбрана, Црвен крст, општини и други институции, но и фирмите донатори како „Жикол“, „Адора“, „Телекабел“, „Витаминка“...

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии