Насловна Актуелно Вести Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, Општина Берово на ден 01.08.2018 година објавува:

Ј А В Е Н О Г Л А С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Градење на солидарност во заедницата за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: - за ангажирање на лица за грижа и нега на стари лица и личен асистент

- Лица приматели на социјална помош

- Самохрани родители

- Деца без родители

- Млади лица до 29 год.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

- работно место личен асистент (1 извршител) – со средно трогодишно или четиригодишно образование или високо образование ( работниот ангажман ќе трае 6 шест месеци)

- работно место образовен асистент (4 извршители) – со Високо образование VII/1 степен – дипломиран професор , дипломиран наставник, дипломиран педагог или завршено Више образование за наставници ( работниот ангажман ќе трае 9 девет месеци)

- работно место – Ангажирано лица за грижа и нега на стари лица (4 извршители) – Основно образование- средно образование ( работниот ангажман ќе трае 6 шест месеци)

Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ и Елен Качулачка – заменик , Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Љупчо Димитровски , Центар за социјлна работа Берово кај лицето Маја Николова.

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

 

ПРЕЗЕМИ ГО ОГЛАСОТ ТУКА

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, Општина Берово на ден 01.08.2018 година објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

за

,,крајни корисници,, за користење на услугите од проектот Градење на солидарност во заедницата

  1. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од следните категории:
  • стари, осамени и изнемоштени лица,
  • хронично болни лица,

кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Градење на солидарност во заедницата”  како ,,крајни корисници,, односно да бидат корисници на услуга –организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.

  1. Работните активности кои се предвидени со проектот “Градење на солидарност во заедницата” предвидуваат социјална заштита и вклученост на старите/изнемоштени лица и поддршка на нивните секојдневни активности во насока на подобрување на нивната здравствена и хигиенска состојба.

Истите предвидуваат но не ограничуваат:

  • услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шекер во крвта и др.);
  • консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа;
  • помош при движење и заеднички прошетки;
  • набавка на продукти за исхрана и др. потреби во домаќинството;
  • приготвување на топол оброк/напиток;
  • поддршка во одржувањето на хигиената во домот на крајниот корисник;
  • вршење на поситни работи во домаќинството (мие садови, внесува дрва за огрев и сл.);
  • плаќање на сметки;
  • достава на храна (по пројавен интерес) и др.
  1. Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријави за учество во проектот “Градење на солидарност во заедницата” можат да поднесат во Општина Берово, Канцеларија за Локален економски развој (кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 20.08.2018 година.
  2. Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, Меѓуопштински центар за социјални работи и Општинска Комисија за следење на проектот.
  1. Проектот “Градење на солидарност во заедницатаќе се имплементира  во општина Берово за делот Ангажирано лица за грижа и нега на стари лица е со времетраење од 6 месеци.

Детални информации за Јавниот оглас можат да се добијат во општина Берово  кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Тел: 033 471 057  и  Моб: 071 302 604и и на следната интернет адреса: www.berovo.gov.mk, односно во МЦСР Берово,

За повеќе информациии околу Програмата Општинско-корисна работа може да се обратите во Општина Берово, Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа или на следните веб страни:

www.berovo.gov.mk

www.mtsp.gov.mk

www. samovrabotuvanje.mk

Општинска Комисија за имплементација

на проектот а Општинско корисна работа

„Градење на солидарност во заедницата“

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии