Насловна Актуелно Вести Учесниците на Македонскиот бисерен семинар на прием кај Градоначалникот на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Учесниците на Македонскиот бисерен семинар на прием кај Градоначалникот на Општина Берово

 

Претставници на повеќе држави, предводени од организаторот на Македонскиот бисерен семинар 2018, Горан Алачки , денеска беа на прием кај Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски.

 

Имено, во периодот од 25 јули до 03 август годинава, во просториите на Хотел Манастир во Берово, во организација на македонскиот познат уметник со малешевско потекло Горан Алачки, се одржува Семинар на народен фолклор на кој има учесници од повеќе држави Холандија, Америка,Норвешка, Белгија, Германија, Австалија, Бугарија, Србија.

Целта на семинарот е ширење на македонскиот фолклор преку танц, песни и инструментално интерпретирање, со цел зачувување, афирмација и ширење на Македонската култура насекаде низ светот. Претставници на заедниците се поканети да се запознаат со душевната уметност на македонските фолклорни традиции, доаѓаат и се враќаат во нивните земји станувајќи Амбасадори во ширењето на македонските богати уметнички традиции.

Градоначалникот оствари средба со учесниците на семинарот, им посака топло добредојде во нашата општина им ја претстави општината со сето она што е карактеристично за неа и им посака да уживаат во престојот и да го пренесуваат искуството во своите држави. Исто така особено ја поздрави идејата за организација на еден ваков семинар во Општина Берово и упати благодарност до организаторот за силниот придонес во афирмација на општината преку народниот фолклор.

Тие имаа можност да ја слушнат легендата за постанокот на градот Берово од Директорот на Домот на културата Димитар Беровски, и низ интересна дружба се интересираа за градот. Посебно интересно беше што во рамките на својата агенда имале можност да слушнат блех музика- дел од репертоарот кој што го изведуваа населението од Ромска националност на територијата на Општина Берово и беа толку импресионирани од нивната изведба, што поставуваа различни прашања во врска со нивниот начин на живот и способноста за ваква интерпретација.

Во чест на благодарност за големиот допринос во афирмација на општината, Градоначалникот Пекевски му додели благодарница на организаторот Алачки, и му посака да продолжи понатаму со својата визија зошто само така ќе си ја зачуваме културата и ќе дадеме длабока почит на македонските уникатни фолклорни ритми.

Неговото музицирање и успех создаде прототип на Македонскиот бисерен народен семинар, со цел зачувување и ширење на народниот Македонски фолклор.

По средбата, тие заминаа да го посетат Историско етнолошкиот музеј, кој работи во склоп на Домот на културата ,,Димитар Беровски, а најавени се и посети на Беровско Езеро, Клепало , Владимирово и слично.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии