Насловна Актуелно Вести Делегација од Општина Берово оствари работна средба во Општина Благоевград

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Делегација од Општина Берово оствари работна средба во Општина Благоевград

Делегација предводена од Градоначалникот на Општина Берово вчера оствари работна средба во Општина Благоевград со управителот од Водоснабдување и канализација г-ѓа Росица Димитрова.

Директорот на ЈПКР Услуга Берово, Илија Рунтески и вработената Јасминка Коколанска вчера заедно со Градоначалникот на Општина Берово беа во посета на ,,Водоснабдување и канализација” oд Благоевград.

На средбата беше разговарано за процесот и технологија на пречистување на водата, беа разменети одредени искуства и беа имплементирани и разработени начините на кои може да се подобри квалитетот на водата за пиење а со тоа и директно да се подобри квалитетот на живот на населението. Тие имаа прилика да погледнат на кој начин и со каква технологија се работи и да разговараат како тоа може да се примени кај нас.

За нас секое разменување на искуства значи многу и сето она што може да најде примена секако ќе се искористи во насока на добивање на поквалитетна вода за пиење.

Општина Берово извесен период наназад работи и тежнее за подобрување на условите за живот на населението а во тоа секако спаѓа и изнаоѓањето на начини за усовршување на технологијата за пречистување на водата. За нас како општина е многу важно водата што ја пиеме да биде квалитетна и секогаш работиме во тренд со новите и помодерни технологии кои ќе ја збогатат нашата туристичка понуда и ќе влијаат на подобрување на условите за живот.

Затоа ќе направиме се што е потребно да собереме доволно искуства и да направиме добар проект кој во иднина ќе биде готов за апликација пред европските фондови.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии