Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Известување

Се известуваат граѓаните на Општина Берово дека во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија , мото клуб Мото-Велес и Општина Берово престојниот викенд во период од 09:00 до 16:00 часот на ден 14.07.2018 година(сабота) и во период од 10:00 до 16:00 часот на ден 15.07.2018 година(недела) во Берово ќе се одржи трка со мотори, од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година .

Стартот на трката ќе биде од плоштадот Димитар Беровски, продолжува надолу накај музејот по улицата Маршал Тито се до раскрсницата кај улица Даме Груев, продолжува по Даме Груев, се до раскрсницата со улица Ѓорѓи Димитров каде свртува десно, и завршува на крајот од улица Енгелсова каде продолжува по земјен пат по одбележена стаза преку шумски предел.

-Враќањето во Берово е од кај Манастирот ,,Успение на пресвета Богородица” по улицата 15 ти Корпус, по улица 11 Октомври до улица Моша Пијаде, до раскрсницата со улица Мирче Ацев , и повторно се враќа на улица Маршал Тито на плоштадот Димитар Беровски.

 

Брзината на движење на моторите во градот е ограничена според важечките сообраќајни прописи, меѓутоа се апелира на поголема претпазливост и внимание во наведениот период , како би овозможиле побезбедна и непречена реализација на трката.

Исто така се информираат граѓаните на Општина Берово дека Плоштадот кај црквата и плоштадот кај Музејот на Град Берово треба да бидат ослободени од возила во наведениот период, заради паркирање на моторите и поставување на пропратна опрема на моторциклистите.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии