Насловна Актуелно Вести Утревечер ќе се врши Теристичка дезинсекција во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Утревечер ќе се врши Теристичка дезинсекција во Берово

 

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Берово, како општа противепидемиска мерка, Општина Берово го издава следното соопштение.

 

Ве известуваме дека на ден 11.07.2018 година (среда) од 23.00 до 01:00 часот – екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведат ПРВАТА ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии