Во Смојмирово се асфалтира улицата од регионалниот пат Берово – Пехчево до црквата
Преку програмата за улици и патишта на Општина берово, започна асфалтирањето на улица во с.Смојмирово која се протега од регионалниот пат Берово – Пехчево се до црквата во селото.
Улицата која е една од приоритетните улици во Смојмирово и поврзува поголем број на индивидуални семејни објекти со останатата патна мрежа и истата ќе се изгради во должина од околу 860 метри со што постоечката траса комплетно ќе биде реконструирана и комплетирана со современ коловоз.
Новопроектираната улица ја следи посточката траса на улицата и расположливиот простор, со што истата се асфалтира во широчина од 3,5 метри со асфалтен битуменизиран носив абечки слој БНХС 16а со дебелина од 8 сантиметри и тампонски слој од 30 сантиметри.