“Збогум градинке“ за идните првачиња од Берово
Насловна Актуелно Вести “Збогум градинке“ за идните првачиња од Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

“Збогум градинке“ за идните првачиња од Берово

Со песни, игри, ора, рецитали и детски насмевки, дечињата од детската градинка во Берово го одбележаа крајот на учебната година покажувајќи го она кое го научиле пред своите родители, роднини и присутни.

Завршната свеченост воедно претставуваше и збогување за градинката на дечињата кои од септември ќе седнат во училишните клупи како првачиња и преку слоганот “Збогум градинке“ ја искажаа својата благодарност кон вработените на установата за несебичното залагање во одвивањето на најраниот образовен процес.

Насмевката на дечињата беше неизоставен дел кој не го одбегнаа и возразните, со што уште еднаш се покажа дека ваквите настани донесуваат задоволство и насмевки на сите, како на учесниците, така и на публиката.

Со градинката се збогуваа и идните првачиња од клоновите на детската градинка во селските населби од општината.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии