Насловна Актуелно Вести Претставници од Општина Берово учествуваа на конференција во Књажевац – Србија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Претставници од Општина Берово учествуваа на конференција во Књажевац – Србија

 

Културното наследство како еден од клучните елементи за зачувување на идентитетот и значењето на еден народ и населено место беше во фокусот на вниманието на тридневната конференција на која учествуваа претставници од Општина Берово предводени од градоначалникот Звонко Пекевски во Књажевац – Србија.

 

Конференцијата се одржуваше во рамките на проектот “Борба против евроскепцизмот преку заштита на културното наследство“ кој е дел од програмата Европа за граѓаните во која беа вклучени 16 учесници претставници на локалните самоуправи и невладини организации од Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Целта на самата конференција беше да се пренесат одликите на институциите кои ги претставуваат учесниците, со акцент на културното наследство и мерките кои се преземаат за заштита на истото како и придонесот кој го има во рамките на препознатливоста на самото место и привлекувањето на посетители поради самата уникатност и впечатливост.

Општина Берово на конференцијата се претстави со две презентации од кои првата ја претставуваше самата општина, местоположбата, знаменитостите и карактеристиките, додека втората презентација беше насочена кон самото културно наследство, традицијата, историската поставка во Музејот на град Берово како и културните настани кои се препознатливи и ја негуваат традицијата на општината.

Во рамките на целиот настан учесниците имаа можност да посетат и музеј, Етно комплекс како и други знаменитости во Књажевац, а и да разменат различни искуства и остварување на поблиски контакти со самите учесници за темите кои беа дел од конференцијата.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии