Насловна Актуелно Вести Советот на Општина Берово ја одржа 8-мата седница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Советот на Општина Берово ја одржа 8-мата седница

Советот на Општина Берово на 03 април ја одржа редовната 8-ма седница на која се најдоа 20 точки на дневен ред кои беа усвоени од страна на советниците.

На оваа седница беа разгледани следните точки од дневниот ред:

1. Усвојување на Записник од 7-та Седница на Совет на Општина Берово;

2. О Д Л У К А за давање на согласност за аплицирање, проектен развој и имплементација на Проектот “Волонтери преку граница” од Интеррег -ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија;

3. О Д Л У К А за давање на согласност за користење на опремата и материјалите од Проектот “Волонтери преку граница” од Интеррег -ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија за целите на истиот, во период од најмалку 5 години по завршувањето;

4. О Д Л У К А за давање на согласност за аплицирање, проектен развој и имплементација на Проектот “Заштита на жителите од една планина долж две реки” од Интеррег -ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија;

5. О Д Л У К А за давање на согласност за користење на ресурсите од Проектот “Заштита на жителите од една планина долж две реки” од Интеррег -ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија за целите на истиот, во период од најмалку 5 години по завршувањето;

6. О Д Л У К А за прифаќање на донација дадена во добра и услуги за цели од јавен интерес, дадена од давателот Македонска Православна Црква – Струмичка Православна Епархија.

7. Р Е Ш Е Н И Е за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност Берово;

8. О Д Л У К А за усогласување на намените на урбанистички план за с.Русиново во однос на легализација на објекти надвор од дефиниран опфат на планот, за КП 1363, КО Русиново, по барање на Белчовски Иван;

9. О Д Л У К А за усогласување на намените на Урбанистички план за село Ратево во однос на легализација на објекти надвор од дефинираниот опфат на планот(лик. Сливница), на КП 2403 КО Ратево, по барање на Симеон Делипетров од Штип;

10. Предлог Одлука за зеленило;

11. Одлука за цени за оџачарски услуги и канализација што ги врши ЈПКР “Услуга” Берово;

12. Одлука за цени за услуга од работници за еден ефективен час, на ЈПКР “Услуга” Берово;

13. Одлука за дополнување на одлука за цени на погребалните услуги на ЈПКР “Услуга” Берово;

14. Одлука за цени за одржување на јавна чистота и паркови и зеленило на ЈПКР “Услуга” Берово;

15. Одлука за цени за вршење на услуги и одржување на градски стадион на ЈПКР “Услуга” Берово;

16. Одлука за надомест за издавање на одобрение за погреб на ЈПКР “Услуга” Берово;

17. Извештај за работа на ПС од ОН Берово за 2017 година;

18. Полугодишен Извештај за работа на ООУ “Дедо Иљо малешевски” Берово за учебната 2017/2018 година;

19. Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен Плански Регион за 2017 година;

20. Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот Плански Регион 2015 – 2019 за 2017 година;

21. Барања од институции и граѓани;

22. Советнички иницијативи и прашања.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии